Home ГОТВАЧ Што содржи најздравиот оброк?

Што содржи најздравиот оброк?

2870
G Natural

Од што треба да се состои најздравиот оброк? – открија британските експерти за храна кои истражуваа 4.000 прехрамбените производи.

Балансиран оброк богат со хранливи материи или сиромашен оброк со материи кои му штетат на нашето тело… Сепак целта која сите сакаат да ја постигнат е поквалитетен живот и подобро здравје.

За да создадете балансиран оброк, британските нутриционисти од независниот институт за истражување на храна – Ледерхед, истражија над 4.000 артикли со ознака – корисни за здравјето и организмот.

По деталните анализи и контролата, избор е намален на 222 производи за кои е докажано дека содржат хранливи материи како што се амино-3 киселините, фолната киселина и Б5 – пантотенска киселина.

Бадем

Совршено балансиран оброк
– Паштетата од лосос изобилува со омега-3 масни киселини кој се одлични за вашето срце, мозок и крвни садови.

– Мешана зелена салата зачинета со маслиново масло е корисна за одржување на идеалното ниво на холестерол во крвта.

– Чорба со пилешко, леќа и мешавина од зеленчук. Овој оброк соржи протеини кои го изградуваат мускулното ткиво, додека витаминот Б5 од леќата го намалува нивото на замор и ги подобрува менталните способности.

– Млечен пудинг со мелени ореви, прелиен со прелив од карамела без шеќер. Ваквата комбинација освен што е добра за потикнување на варењето, туку ја контролира и глукозата во крвта.

Предлог корисни грицки
– 30 грама ореви
– Шејк од мешано зрнесто овошје

Предлог пијалок
– Густа топла чоколада која содржи мелантонин е добра за смирување пред спиење.
– Енергетски пијалок од брусница и малина.

Здрава храна