Home СОВЕТИ Што се прави Ким Кардашијан за убавина – ова се нејзините совети...

Што се прави Ким Кардашијан за убавина – ова се нејзините совети до сите дами

2967
G Natural

Без разлика дали ја сакате или не старлетата Ким Кардашијан, мора да се признае дека секогаш изгледа беспрекорно дотерано.

Таа открива што се прави за убавина.

Ова се нејзините совети:

 

Прескокнете шампонирање – барем понекогаш

Ким Кардашијан косата ја мие на секои два дена знаејќи дека секојдневното миење ја суши. Освен што понекогаш воопшто не става шампон, редовно користи мароканско масло и повремено маска за коса Carol’s Daughter Mоnoi.

-Тоа косата ја прави прекрасно мека, откри Ким.

Обликувањето на веѓите е многу важно

Реалити ѕвездата долго време сама ги кубеше веѓите.

– Мојата козметичарка Анастасија Соаре секогаш ме наговараше таа да ми ги обликува, но не и дозволив. Еднаш кога и дозволив, станав опседната, таа тоа го прави совршено, прво ги премачкува со восок, а потоа педантно ги кубе. Ким тоа го прави на секои три недели.

Сенка нанесете како професионалец

– Прво ставам бела пудра околу очите, а потоа го четкам. Потоа нанесувам сенка која е многу постојана и долго трае.

Одберете идеална нијанса за својот тен

Од руменило Ким користи Blush in Orgasm, ги обожува кармините на Ревлон и сјајот за усни на Ив Сен Лорен. Го откри советот на нејзината козметичарка: штипкајте се за образите и на бојата која ќе ви се покаже на лицето одберете ја најприблжната нијанса на руменилото. Еднаш кога ќе погодите вистинско руменило, повеќе нема да имате дилема.

– Ако пак сакате совршено руменило со боја на месо, нека биде само за нијанса посветол од бојата на усните, рече таа.

Кога се избира црвено руменило, треба да ги испробате сите – од темни, винско црвени до портокалово-црвена боја и едноставно ќе видите со која нијанса најмногу лицето ќе ви освежи, а со која делува безживотно.

Зголемете ги трепките

Трепките на Кардашијан секогаш се нагласени.

– Ставам слој врз слој и тоа не ист, туку две маскари. Користам Doll Lashes на Ланком и на M.A.C – Zoom Fast Black Lash. Понекогаш Ким става и вештачки трепки.

Замислете тројка на лице

Прво ставам подлога. Нанесувам пудра, потоа со сунѓерче ставам коректор на брендот BeautyBlender и го нанесувам во форма на бројката три од двете страни на лицето.

Темелно исчистете го лицето

Нема полошо од тоа кога жената со детски влажни шамивчиња ја симнува шминката. Така лицето никогаш не можете темелно да го исчистите. Кардашијан тоа го знае и користи специјални шамивчиња, од Неутрогена Makeup Remover Cleansing Towelettes.

– Не знам без нив. Чистото лице е најдобар адут против акни и против бори.

Ноктите се важни

Ким своите нокти редовно ги негува и уредува во салон, но за нив сака да се грижи и сама, така што на пат секогаш го носи приборот за нокти.

– И сама им ја поправам формата. Никогаш не ги обликувам рабовите на ноктите, туку сакам рамни, рече таа.

Кожата да се одржува мека

За да направи пилинг и да го отстрани спрејот за самозатемнување, Ким оди во Кореан спа во Лос Анџелес. Во својот дом користи производи на Burt’s Bees (Bees Sugar Scrub in Cranberry&Pomegranate и Fresh Brown Sugar Body Polish).

Внимавајте што јадете

Кардашијан вели дека состојбата со целулитот ја поправа со режим на исхрана.

– Јадам зоб наутро, салата за ручек и пилешко за вечера, признава.