Home СОВЕТИ Што го нарушува вашето помнење?

Што го нарушува вашето помнење?

1886
G Natural

Експериментите спроведени врз животни покажуваат дека внесувањето храна во времето предвидено за спиење има изразито негативно влијание врз помнењето.

Истражувачите од Универзитетот Калифорнија додаваат дека оваа појава била присутна и кај животни на кои не им недостасувало сон.

Тестираните животни не внесувале генерално поголема количина храна ниту кај нив дошло до зголемување на телесната маса.

Според научниците, ваквите нарушувања на т.н. внатрешен часовник на организмот и воочените последици можат да се применат и на луѓето.