Home ГОТВАЧ гезме Шпанска калцона

Шпанска калцона

6812
G Natural

Состојки:

За тесто:

  • 500 грама ЕКСТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
  • сув квасец
  • 3 лажички масло за јадење
  • 3 дл млака вода
  • лажичка сол
  • лажичка шеќер

За фил:

  • 250 грама мелено месо
  • 200 грама кашкавал
  • 100 грама кечап
  • 1 мала главица кромид
  • чили или една помала пиперка ( по желба лута )
  • оригано
  • маслиново масло

Подготовка:

Замесете тесто од намирниците и оставете го околу 1 час да одстои. Кога ќе се удвостручи повторно замесете го.

На маслиново масло запржете го кромидот, додадете го месото и ситно исечканата пиперка. Ставете малку вода и динстајте додека целата течност не испари.  Оставете го филот да се олади.

Тестото поделете го на делови во големина по ваша желба ( во зависнот колкава сакате да биде калцоната).

Парчињата тесто растегнете ги. Парчињата намачкајте ги со малку масло за јадење, кечап, фил, кашкавал и оригано. Добро преклопете ги краевите за да не дојде до излевање на филот. Редете ги во намрсен плех за печење.

Колцоните печете ги 20 минути на 200 степени Целзиусови.

Добар апетит!

PACKSHOT