Home ГОТВАЧ Сезонска посластица – чоколадни јагоди

Сезонска посластица – чоколадни јагоди

4041
G Natural

Состојки:

  • 500 гр. свежи јагоди
  • 2 шолји темно чоколадо
  • 1/2 шолја бело чоколадо

 

Подготовка:

Измијте ги и исушете ги јагодите. Jaгодите треба да бидат потполно суви.

Растoпете го темното чоколадо.

Јагоди

 

Поставете ги сувите јагоди од една страна, ставете го садот со растопеното чоколадо пред вас и подгответе површина на која ќе ставите мрсна хартија за печење, каде што ќе ги редите јагодите со чоколадо.
Секоја од јагодите ставете ја во растопеното чоколадо, при тоа вртејќи ја така што ќе биде натопена во чоколадо од сите страни рамномерно.

Чоколадо

Јагодите обвиткани со темно чоколадо ставете ги на површината обложена со мрсна хартија и почекајте да се исуши чоколадото.

Чоколадни јагоди

Во меѓувреме растопете го и белото чоколадо. Кога јагодите ќе бидат потполно суви со мала лажичка или готварски шприц, со брзи потези нанесете од белото чоколадо.

Откако сите јагоди ќе бидат декорирани со белото чоколадо, оставете ги во фрижидер неколку часа и конзумирајте ги ладни.

Чоколадни јагоди