Home ГОТВАЧ гезме Сезонска посластица – ајвар коцки

Сезонска посластица – ајвар коцки

4189
G Natural

Состојки:

  • 4 Јајца
  • 4 лажици брашно
  • 300 грама спанаќ
  • 100 мл павлака
  • 1 прашок за пециво
  • сол
  • 500 грама кравјо сирење
  • 3 лажици ајвар
  • ½ лажичка сув лук
  • 4-5 палачинки
  • 150 грама шунка или сланина тенко сечена
  • 150 грама кашкавал рендан

Подготовка:

Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во цврст снег.Спанаќот обарете го, исцедете го и ситно исечкајте го.

Во друг сад, изматете ги жолчките, додајте брашно, павлака, прашок за пециво и малку сол.

Кога ќе добиете компактна маса, со лажица за мешање додајте ги изматените белки.Во помал плех кој е обложен со хартија за печење, истурете ја смесата.

Печете на 200 степени околу 20-тина минути.

Сирењето издробете го измешајте го со ајвар и лук.

На веќе приготвените палачинки ставете неколку парчиња шунка, рендан кашкавал и завиткајте ги во ролна.

Испечената кора пресечете ја на пола. Врз неа намачкајте дел од филот (помалку од половина), во средина ставете ги ролуваните палачинки и додадете го останатиот фил за да ја пополните целата површина.Врз измазнетата површина додајте ја и втората кора. Нешно притиснете и тортата ставете ја во фрижидер за да се стегне.Се послужуваат ладни, украсени со мајонез, рендан кашкавал или пак со филот од сирење.

Ајвар коцки