Home ГОТВАЧ гезме Се топат во уста – Уштипци со зденка

Се топат во уста – Уштипци со зденка

10230
G Natural

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 100 мл млеко во кое претходно нараснал половина квасец (20 гр)
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 6 зденки
  • Малку вода, доколку тестото ви изгледа тврдо

Подготовка:

Се меси класично тесто без јајца. Кога ќе почне да нарасне, го премесуваме и го развлекуваме на работната површина. До половина од тестото ги редиме зденките (пресечете ги на половина). Со останатата половина од тестото покријте ја другата половина и сечете во облик на ромбоид.
Со вилушка се спојуваат рабовите на уштипците.
Оставете ги да отстоат 15 минути а потоа пржете ги во врело масло.
За декорација врз пржените уштипци изрендајте кашкавал и посипете со малку семки од тиква!
Добар апетит!

Уштипци со зденка