Home ГОТВАЧ главни јадења Ручек за 20 минути – пилешко во сос од портокал

Ручек за 20 минути – пилешко во сос од портокал

3969
SHARE

Исечете го на тенки парчиња пилешкиот стек, посолете го со вегета или некој сличен зачин, и по десетина минути премачкајте го со сенф. Дали ќе употребите пилешки гради или друго пилешко месо, изборот е на вас.

Во длабока тава загрејте масло и малку путер и препржете го пилешкото од двете страни околу 8 минути. Потоа извадете го местото и во истата тава додајте уште малку путер, сок од 2 портокали, кафеав шеќер и еден исецкан портокал. Промешајте ги состојките и оставете да проврие. Кога ќе проврие, зачинете по желба и вратете го пилешкото месо во сосот.

За прилог најдобро е да се послужи басмати ориз.

Добар апетит!