Home ГОТВАЧ главни јадења Ролат од мелено месо и компири

Ролат од мелено месо и компири

12249
G Natural

СОСТОЈКИ:

Ролат:

  • 600 грама мелено месо
  • 2 лажички лебни трошки
  • 1 јајце
  • Сол, бибер,вегета

Фил:

  • 2 варени компири
  • 2 варени јајца
  •  Mлад кромид
  • Целер
  • 2 лажички мајонез или дресинг за салата

Сварете ги компирите во солена вода.
Сварете ги јајцата.
Исецкајте ги целерот и кромидот.
Излупете го варениот компир, изгмечете го како за пире и додадете ги кромидот и целерот.
Исецкајте ги тврдо варените јајца и додадете ги.
Додадете го мајонезот или дресингот за салата и измешајте.

ПОДГОТОВКА:

Во сад ставете го меленото месо, јајцето и лебните трошки. Имешајте добро и смесата растегнете ја на фолија.
Врз месото додадете го филот.
Замотајте ги месото и филот во ролат и измазнете со влажна рака.
Замотајте го ролатот во фолија.
Оставете да отстои во фрижидер, 2-3 часа или во текот на ноќта.
Откако ќе отстои, извадете ја флијата и ставете го ролатот во сад за печење намачкан со масло.
Околу ролатот наредете парчиња зачинет компир и печете на 200 степени, се додека месото и компирот не бидат готови.

Добар апетит!

Ролат од мелено месо