Home ГОТВАЧ Рецепт за превртен колач – едноставен, евтин, вкусен

Рецепт за превртен колач – едноставен, евтин, вкусен

3949
G Natural

Состојки:

Ова се состојки за мал сад за печење (20X30см)

  • 100 гр сечкани ореви
  • 2 средно големи јаболки
  • 2 големи лажици шеќер (една за тестото и една за посипување на јаболките)
  • 2 јајца
  • 2 големи лажици брашно
  • Малку цимет
  • ½ прашок за печиво
  • 1 кесичка шлаг

Подготовка:
На дното од садот за печење ставете ги сечканите ореви и рамномерно распоредете ги. Посипете ги со една лажица шеќер. Преку оревите наредете ги исечканите јаболки (сечкајте ги како листови). Покријте го садот со фолија за печење и печете 15 минути во загреана рерна на 200 степени.
Додека ова се пече, изматете го тестото од јајца, брашно, лажица шеќер и половина кесичка прашок за печиво ( половина мала лажичка)
Извадете ги јаболките од рерна, посипете со цимет и преку тоа прелијте ја подготвената смеса за тестото. Печете 20 минути на 200 степени.
Извадете го колачот од рерна и покријте го со сад кој е малку поголем од оној во кој печевте па нагло свртете го садот, со цел тестото да дојде на дното а јаболките и оревите на врвот на десертот. Доколку се случи оревите малку да се залеат на дното, соберете ги со лажица и распоредете ги на колачот.
Оставете да се излади и премачкајте со шлаг пена.
Колачот е највкусен откако добро ќе се олади.
Пријатен апетит!

Превртен колач