Home ГОТВАЧ гезме Рецепт за познатото Македонско грне

Рецепт за познатото Македонско грне

10763
G Natural

Состојки:

  • 1 кг јагнешко или јунешко месо
  • 2 главици кромид
  • 80 мл масло
  • 1 лажица мелен сув зачин
  • сол, бибер
  • 250 гр домати
  • 1 лута пиперка
  • 3 млади кромидчиња
  • 300 мл бело вино

Подготовка:
– Месото исечете го на коцки, а кромидот ситно исецкајте го. Пропржете ги малку на загреано масло.

– Кога месото малку ќе омекне додадете ги доматите исецкани на коцкички и ситно сецканата лута пиперка. Динстајте на средна тепература додека месото сосема не омекне.

– Додадете го сецканиот млад кромид, виното и водата и уште малку варете го јадењето.

Идеја: По желба македонското грне послужете го со јуфки или њоки како гарнир.

Македонско грне

МИА