Ова е еден од омилените рецепти на кралот на рокенролот Елвис Присли, превземен од прочуената книга „Дали сте гладни денес“.Едноставен е за правење а вкусот е навистина „кралски“.
Состојки:
- 1 банана
- 2 парчиња леб
- 2 лажици путер од кикирики
- 2 лажици путер
Пoдготовка:
Излупете ја бананата, а потоа испасирајте ја. Благо пропечете го лебот на тостер, и едно од парчињата намачкајте го со путер од кикирики, а другото парче со испасиранaта банана. Спојте го сендвичот и испржете го на веќе растопен путер.
За да го осетите „кралскиот“ вкус, сендвичот консумирајте го топол.
Добар апетит!