Home ГОТВАЧ Рецепт за најевтиниот колач! Се подготвува од остатоците во кујна

Рецепт за најевтиниот колач! Се подготвува од остатоците во кујна

3079
G Natural

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 шољичка шеќер
  • 1 шољичка мелени ореви
  • 1 шољичка гриз
  • ½ шољичка масло
  • 2 лажички брашно
  • 2 излупени и рендани јаболки
  • 1 шољичка млеко
  • 1 вaнилин шеќер
  • 1 прашок за печиво

Подготовка:
Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот во мазна смеса, а потоа во неа додадете го маслото и повторно измиксирајте.
Рачно измешајте го гризот со оревите, додајте ги јаболките кои предходно сте ги потопиле со млеко. По желба додадете и суво грозје.
Брашното помешајте го со прашокот за печиво и додадете го во смесата. На крај постепено додавајте го млекото и се добро измешајте.
Смесата прелијте ја во калап за печење и печете половина час во загреана рерна на 180 степени.

Совет:
По желба, готовиот колач можете да го посипете со шеќер во прав или пак со чоколадна глазура.

Добар апетит!

Евтин колач