Home ГОТВАЧ Рецепт за Крем Бруле – десертот на кој му се поклонува целиот...

Рецепт за Крем Бруле – десертот на кој му се поклонува целиот свет

8504
G Natural

Состојки:

  • 6 жолчки
  • 75 гр бел шеќер
  • 3 мл екстракт од ванила
  • 600 мл слатка павлака
  • 25 гр кафеав шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста смеса.
Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган.
Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку).
Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете.
Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.
Добар апетит!

Крем Бруле