Home ПИЈАЛОЦИ весели Рецепт за домашно виенско кафе

Рецепт за домашно виенско кафе

4864
G Natural

Состојки:
1 лажичка шеќер
4 мали лажички шеќер во прав
20 грама чоколадо
2 филџани кафе
100 грама блага павлака

Подготовка:
Половина чаша слатка павлака добро се мати во шлаг со лажичка шеќер и се остава во фрижидер добро да се олади.Во поголеми филџани се става по една лажичка чоколадо во прав, 2 лажички шеќер во прав и лажичка слатка павлака. Сето тоа добро се промешува за да се добие мазен крем.
Потоа во секој филџан се налева постепено врело кафе и се украсува со претходно подготвениот фил, кој е добро оладен во фрижидерот. Одозгора ова необично виенско кафе се попрскува со малку цимет.
На здравје!

Виенско кафе