Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Рецепт од читателка: Печен ослиќ со сос од лук и магдонос

Рецепт од читателка: Печен ослиќ со сос од лук и магдонос

15344
G Natural

Овој рецепт за вкусен ручек ни го испрати нашата редовна читателка Весела Миладиновска од Штип.

Состојки:

  • 500 грама ослиќ филети
  • 5 моркови
  • 3 тиквици
  • Маслново масло (половина шоља за кафе)
  • Магдонос (една полна дланка)
  • 2 чешниња лук ( може и повеќе од две, по избор)
  • Сол,
  • вегета
  • црн бибер
  • 3 ловорови листа

Подготовка:

Во една шоља измешајте го исечканиот лук, магдонос и маслоновото масло и наросете црн бибер.
Исечкајте ги морковите и тиквиците на тенки кругови. Посолете ги и ставете ги во тава за печење. Врз нив ставете ги филетите од ослиќ кои предходно ќе ги зачините со малку сол или вегета. Посипете со 150 милилитри вода.
Филетите премачкајте ги со предходно направената смеса од лук, магдонос и малиново масло.

Печен ослиќ
Покријте го садот за печење со фолија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени половина час.

Отворете ја фолијата доколку сакате филетите да бидат покрцкави и печете уште 15 ина минути.

Добар апетит!

Доколку и вие сакате да споделите со нас и нашите читатели некој ваш омилен рецепт, тоа можете да го направите на оваа страна во секцијата ИСПРАТИ РЕЦЕПТ, или на нашиот меил: info@hitportal.com.mk

Печен ослиќ