Home ГОТВАЧ главни јадења Рецепт од читателка: Домашна велешка пита пастрмајлија

Рецепт од читателка: Домашна велешка пита пастрмајлија

13405
0
SHARE

Овој рецепт ни го испрати Тодорa Цветкова од Велес, наша редовна читателка.

Состојките се за четири големи пастрмајлии а подготовката ќе ве чини 280 денари.

Состојки:

  • 840 гр брашно
  • 600 мл вода
  • 8 лажици зејтин
  • 1 лажичка шеќер
  • 3 лажички сол
  • 1 квасец
  • 800 грама свинско месо (или пилешко) исечкано на коцкички и посолено
  • 30 грама пастрма (по желба)
  • 2 јајца
  • Свинска маст

 Подготовка:

Се замесува меко тесто. Се остава да нарасне ( додека не нарасне дупло). Потоа тестото се дели на четири дела. Се формираат топчиња и се оставаат уште десетина минути да нараснат.

Од топчињата од тесто се развлекува пита. Околу неа, од тестото се оформува венец. Врз тестото се редат парчињата свинско месо, ситно исечкано и посолено и пастрмата (по желба). Се додава една полна лажица свинска маст и се распоредува низ целата пита. Се става да се пече во загреана рерна на 250 степени . Кога малку ќе се запече, отприлика по десетина минути, се става едно до две разматени јајца и малку буковец (мелена пиперка)

Се враќа во рерната и се продолжува да се пече.

Откако ќе ја извадиме од рерната , венчето на пастрмајлијата се премачкува со свинска маст , се завиткува во мрсна хартија и во чаршав и се остава да омекне.

Добар апетит!

Велешка пастрмајлија

 Доколку и вие сакате да споделите со нас и нашите читатели некој ваш омилен рецепт, тоа можете да го направите на оваа страна во секцијата ИСПРАТИ РЕЦЕПТ, или на нашиот меил: info@hitportal.com.mk

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here