Home ГОТВАЧ главни јадења Разбијте ја монотонијата – Јуфки со тиквички и пилешко

Разбијте ја монотонијата – Јуфки со тиквички и пилешко

3499
G Natural

 Состојки:

• 1 тиквичка
• 3 црвени пиперки
• 1 главица кромид
• 1 чешне лук
• 600 гр пилешко бело месо
• 2 средни компира
• 2 раце полни резанки или јуфки
• сол бибер,копер,магдонос
• мало парче корен од ѓумбир

 Подготовка:

Исечете го  пилешкото месо на тенки стапчиња. Ставете го  во  тава да се пропржи малку. Потоа додадете го сецканиот кромид на листови и ренданиот ѓумбир. Нека се динста на тивко. На страна исечете ги пиперките и тиквичката на ленти. Додадете ги во месото и продолжете да динстате. Исецкајте го едно мало чешне лук и додадете го во смесата. На страна исецкајте го компирот на ситни коцки и сварете го. Пред крајот на варењето додадете ги резанките и доварете се заедно. Откако се убаво ќе се издинста, месото со зеленчукот, тргнете го на страна и со лажица решетка додадете ги компирот и резанките. Зачинете и се убаво измешајте.  Декорирајте со сецкан магдонос.

Добар апетит!

Јуфки со пилешко и тиквички