Home ГОТВАЧ гезме Расцветан кромид – вкусно и декоративно

Расцветан кромид – вкусно и декоративно

6625
G Natural

Добро познатите onions rings, добија нова димензија. Многу декоративно изгледа и е одличен украс на секоја маса …

Состојки:

  • 1 голема главица кромид
  • 1 јајце
  • 230 мл млеко
  • 120 гр брашно
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица лук во прав
  • суви зачини, по желба
  • масло за пржење

Подготовка:
За ова е многу важно да користите остар нож. На кромидот пресечете му го врвот, а потоа и коренот, но многу малку, за да може сепак да се држи кромидот на него.

Расцветан кромид

 Кромидот исечете го како пица, но на 16 парчиња. Внимателно, со прстите одвојте ги парчињата и извадете го средишниот дел. Ставете го кромидот во фрижидер околу 2 часа.

Расцветан кромид

Брашното измешајте го со зачините и кромидот брцнете го прво во зачините, па потоа во смесата со јајца и млеко. На крај, брцнете го пак во брашното.

Расцветан кромид

Пржете го во голема количина загреано масло. Две минути од секоја страна. На крај, најубаво е да го извадите со штипалки.

Расцветан кромид