Home ГОТВАЧ Рафаело бомбици

Рафаело бомбици

4434
G Natural

Состојки:

  • 180 милилитри слатка павлака
  • 50 грама шеќер
  • кесичка бурбон ванилин шеќер
  • 150 грама бела чоколада
  • 140 грама кокосово брашно
  • 150 грама несолен крем-сир
  • 60 грама цели лешници
  • кокосово брашно за валкање

Начин на подготовка:
Ставете ги на тивок оган слатката павлака, шеќерот и бурбон ванилиниот шеќер, па додајте ја белата чоколада искршена на парчиња, и смесата држете ја на оган околу 10 минути. И мешајте додека чоколадото не се растопи. Тргнете го тенџерето од оган, додајте го кокосовото брашно и оставете да се олади. Потоа додадете го крем сирот и ставете го во фрижидер да се лади околу два саати. Со лажичка земајте од смесата, ставете еден лешник внатре, формирајте топче и извалкајте го во кокосово брашно.

На здравје!

Рафаело бомбици