Home ГОТВАЧ главни јадења Прсти да излижеш – запечен спанаќ со сирење

Прсти да излижеш – запечен спанаќ со сирење

8929
G Natural

Состојки:

  • 1 кг спанаќ
  • 300 г млеко
  • 200 г сирење
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • сол, бибер
  • мускатно оревче

Подготовка:
Спанаќот се мие и се обарува во солена вода.
Во посебен сад се растопува путерот, се додава млекото, брашното, се загрева со постојано мешање додека да се згусне и се зачинува.
Во намастено тавче со путер се мешаат спанаќот, сосот и изренданото сирење.

Се печат на 180 степени, околу 30 минути.

Добар апетит!

Запечен спанаќ