Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Прсти да излижеш – Компир со маслинки

Прсти да излижеш – Компир со маслинки

13497
G Natural

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 кромид со средна големина
  • 2-3 чешниња лук
  • Маслинки ( количина по желба)
  • Сол, бибер, вегета
  • 200 гр рендано сирење
  • Маслиново масло ( или обично)

Подготовка:

Сварете го компирот и оставете го целосно да се олади. Можете да го сварите навечер и да го оставите преку ноќ да се олади.

Исечкајте го кромидот, посолете го и малку пропржете. Додадете ги сечканите маслинки и исечканиот лук.

Промешајте, динстајте кратко и тргнете ја тавата од оган.

Изрендајте ги целосно оладените компири и додадете го кромидот и маслинките.

Зачинете, додадете маслиново масло и промешајте.

На крај додадете ½ од ренданото сирење, па целата смеса распоредете ја во тава за печење која предхотно сте ја намрсиле.

Преку смесата пропрскајте го остатокот од ренданото сирење и печете на 180 степени додека не добие малку боја.

Добар апетит!

Компир со маслинки

Овој рецепт ни го испрати Далиборка Миленкова од  Гевгелија.  За повеќе рецепти од наши читатели, клинкете ОВДЕ !