Home ПИЈАЛОЦИ здрави Пробајте го омилениот напиток за слабеење на Џесика Симпсон (видео)

Пробајте го омилениот напиток за слабеење на Џесика Симпсон (видео)

2538
G Natural

Сигурни сме дека една од вашите новогодишни одлуки била дека во 2014 година ќе се храните поздраво и ќе живеете поздраво, а уверени сме дека поголемиот дел од вас ја прекршија оваа новогодишна резолуција уште во првите денови по враќањето на работа.

Ако навистина настојувате да водите здрав живот, за почеток во вашето мени воведете го овој здрав напиток кој го направил Харли Пастернак, познатиот фитнес тренер на ѕвездите како Џесика Симпсон, Кејти Пери и Ешли Тисдејл.

За омиленото смути на преубавата Џесика Симпсон потребни ви се само 5 состојки:

  • 5 непечени бадеми
  • Едно јаболко
  • Една банана
  • ¾ шоља немасен јогурт
  • ½ шоља немасно млеко
  • Малку цимет

Овие состојки помешајте ги во блендер и добро измиксајте за бадемите да се сомелат.

Ова смути најдобро е да го конзумирате наутро затоа што изобилува со протеини, калциум и влакна кои ќе ви дадат доволно енергија за почеток на денот, ќе го забрзаат метаболизмот и ќе ве држат сити до ручек.