Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Превкусно – обланда „ Седмо небо “

Превкусно – обланда „ Седмо небо “

2339
SHARE

Состојки:

  • 3 листови обланда
  • 9 белки
  • 450 гр шеќер
  • 240 гр ореви, крупно сецкани

Крем:

  • 9 жолчки
  • 220 гр шеќер
  • 250 гр маргарин (наместо маргарин може да употребите путер)

Подготовка:

Во сад ставете 3 белки и 150 гр шеќер и изматете ги убаво со миксер да добиете цврст шлаг. Шлагот премачкајте го преку првиот лист од обланда. Посипете со сецкани ореви (околу 80 гр).

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 150 целзиусови степени околу 15 минути.

Истата постапка повторете ја три пати, односно испечете ги сите три листови обланда со шлагот и оревите на нив.

Во меѓувреме подгответе го кремот. Ставете ги сите жолчки со шеќерот во еден сад и изматете ги убаво. Потоа кремот ставете го да се вари на пареа со постојано мешање додека не се згусне.

Оставете го кремот да се излади малку па во него додадете еден изматен маргарин или путер.

Потоа филувајте, односно врз првиот лист обланда премачкајте 1/3 од кремот. Одозгора ставете го вториот лист обланда и нанесете уште 1/3 од кремот. Повторете ја истата постапка и со третиот лист обланда.

Готовиот колач ставете го малку да се излади и стврдне пред да го сечете.

Добар апетит!

Обланда