Home ГОТВАЧ Прекрасно – чоко торта која не се пече

Прекрасно – чоко торта која не се пече

6606
G Natural

Состојки:

  • 1литар млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 300 гр  млечно чоколадо
  • 100 гр  бело чоколадо
  • 500 мл  слатка павлака
  • Пакетче бисквити

Подготовка:

Во 200 мл млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.

Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.

Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ¼ додадете во темното и светлото чоколадо.

Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.

Торта
Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.

Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.

Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.

Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.

Сечете и декорирајте по желба.

Добар апетит!

Торта