Home ГОТВАЧ Празничен чоко куглоф

Празничен чоко куглоф

6110
G Natural

Состојки:

  • 800гр ЕКСТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 200 гр. путер
  • 200 гр. шеќер
  • 3 јајца
  • 2 банани
  • ¼ прашок за пециво
  • 100 мл. млеко
  • 170 гр. чоколада за готвење
  • течна чоколада за декорација

Подготовка:

Изматете го путерот, па додадете го шеќерот, јајцата, испасираните банани, брашното и прашокот за пециво, млекото и ситно сецканата чоколада и матете се додека смесата не се соедини.

Смесата сипете ја во калап за куглоф и печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 45 минути. Проверете со чепкалка дали куглофот е печен.

Сервирајте го куглофот на чинија за сервирање и декорирајте со растопена чоколада.

Добар апетит!

PACKSHOT