Home ГОТВАЧ Праска колач – неодоливо декоративен и вкусен

Праска колач – неодоливо декоративен и вкусен

6815
G Natural

Состојки за тесто:

  • 3 мали филџанчиња масло
  • 2 мали филџанчиња млеко
  • 2 мали филџанчиња шеќер
  • 3 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • брашно по потреба

Состојки за декорација:

  • 1 екстракт од лимон
  • 1 екстракт од малина
  • малку шеќер
  • малку млеко

Состојки за фил:

  • 2 лажици какао
  • малку млеко
  • 2 лажици мелени ореви, бадеми или лешници

Подготовка:
Од сите состојки за тесто се замесува меко тесто, од кое се прават топчиња кои треба да се со иста големина.
Топчињата се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат во рерна 30 минути на 185 степени.
Откако ќе се изладат, со лажица убаво им се вади средината која се меша со какаото, млекото и мелените јаткасти плодови сѐ додека се добие кашеста смеса – фил.
Потоа половина од топчињата се макнуваат во екстрактот од лимон растворен со малку млеко, а останатата половина во екстрактот од малина исто растворен со малку млеко.
Добиените обоени половинки од праските се лепат едни со други (една половина жолта и една половина црвена) со помош на приготвениот фил и потоа се прпелкаат во кристален шеќер.
Се оставаат малку на собна температура и потоа се послужуваат.
Добар апетит!

Праска колач