Home ГОТВАЧ Познатите во кујна : Еве како готви Александар Тарабунов

Познатите во кујна : Еве како готви Александар Тарабунов

3608
G Natural

Рубриката „Познатите во кујна“  ја промовираме со рецепт кој го добивме од шармантниот  Александар Тарабунов.

Неодамна, пејачот  на својот фб профил објави фотографија  од ручекот кој сам си го подготвил. Го замоливме да ни го испрати рецептот.

Еве ги состојките и начинот на подготовка на омиленото јадење на Тара.

„Tortellini di parma“ 
Состојки за тесто:

  • 3 јајца
  • 2-3 чаши брашно

Подготовка:
Се истура брашното и со прсти се прави дупка во средината , каде што се додаваат јајцата. Мешаме со вилушка и кога ќе се соединат состојките, додаваме маслиново масло. Тестото убаво се меси и се прави во форма на топка. Се остава да отстои еден час.
На работна површина се пропрскува брашно и се сука тестото. Додека тестото го сукаме, постојано се пропрскува брашно. Тестото треба да е многу тенко, да можеме да си ги видиме прстите под него.
Откако ќе завршиме со процедурата, од тестото може да се направат тортелини, макарони или пак талијатели.
Јас се одлучив за тортелини. За нив треба да предхдно да се подготви фил ( по желба може да е вегетаријански или пак со месо ).
Го ставаме филот во средина на исечканите квадратчиња , преклопуваме и ги оформуваме тортелините.
Тортелините ги ставаме да се варат. Додека се варат, во тава ставаме малиново масло и во него пропржуваме исечкан лук и зачини, а потоа додаваме малку пршута, доматен сос ( или хопла). Кога смесата ќе се соедини , во тавата ги додаваме сварените тортелини.

Наросуваме свеж босилек и пармезан и уживаме !

Тара

Тара

Тара

Тара

Тара