Home СОВЕТИ Потрошете 3000 калории без диета!

Потрошете 3000 калории без диета!

2263
G Natural

Доколку на вашето тело не му пружите секојдневна физичка активност, истото дури и покрај строгиот режим на исхрана, нема да резултира во посакуваниот изглед. При тоа, трошењето калории не мора нужно да биде врзано само со одење на тренинг. Уште поефикасна телесна активност е онаа во рамките на семејството. Затоа, активирајте го целото семејство и заедно слабејте здраво губејќи и до 3000 калории во една седмица!

Чистење

Секојдневни активности – најдобра диета

Доколку не можете да се одлучите со која диета да го отстраните вишокот килограми кој незабележително ви се насобрал за време на зимските месеци, сетете се дека преку секојдневна активност можете да согорувате многу калории.

Експертите истакнуваат дека е многу важно да се биде активен во рамките на семејството, бидејќи со тоа не само што се придонесува за подобро здравје, туку се изградува и посилна врска помеѓу членовите на семејството.

Затоа, здружете се со вашето семејство и без мака стопете ги килограмите, притоа забавувајќи се и поврзувајќи се!

Чистење

Познато е дека телесната активност кај децата создава здрави навики, што воедно обезбедува и поголем квалитет на животот. Затоа, во рекреацијата вклучете ги сите членови на семејството и изберете вежби кои ќе ви бидат забавни.

Домашните обврски се најефтин начин за трошење на калории!

Прилагодете ги секојдневните активности – вклучете музика за да постигнете подобра и мотивирачка атмосфера, па така во забавен ритам можете, на пример, да наравите генералка.

Кога сте во паркот, немојте само да шетате, туку изберете места на кои ќе можете и малку да повежбате. Трчајте во место, направете неколку склекови, играјте со топка, а за останатите вежби користете ги и клупите и скалите во паркот.

Еве колку калории можете да потрошите со извршување на разни домашни активност или, пак, некои со хобија во слободното време.

Врз основа на оваа листа изберете ја вашата омилена активност и трошете дури 3000 калории на седмица:
• Чистење прозори – 335 калории на час
• Метење под – 240 калории на час
• Чистење со правосмукалка – 215 калории на час
• Миење на подот – 325 калории на час
• Фитнес (зумба) – до 400 калории на час
• Пилатес – 150 калории на час
• Планинарење – 500 калории на час
• Возење ролери – 430 калории на час
• Играње со домашното милениче (трчање, клекнувања) – околу 200 калории на час
• Танцување – 440 калории на час
• Фризби – 170 калории на час
• Санкање – 390 калории на час
• Возење велосипед (18-24 км/ч) – 450 калории на час
• Мини голф – 170 калории на час
• Пинг-понг – 220 калории на час
• Чистење на снегот – 360 калории на час

Чистење
Извор:Idividi.com.mk