Home СОВЕТИ Поради ова, хамбургерите на МекДоналдс не скапуваат

Поради ова, хамбургерите на МекДоналдс не скапуваат

1636
G Natural

Многу пати на интернет се појавија фотографии и приказни за хамбургерите на МекДоналдс кои и пркосат на секоја логика благодарение на неверојатниот долг рок на траење.

Имено, хамбургерите на МекДоналдс можат да траат со години без да се расипат, а познат е и случајот на еден хамбургер кој траел полни 14 години.

Во што е тајната се прашуваат многумина, а научниците сега конечно имаат одговор на ова прашање.

Во обид да ги одвикне луѓето од конзумирање на брза храна, киропрактичар од Небраска неодамна покажал Happy meal од МекДоналдс кој го чувал во ординацијата две години. После двегодишно стоење Happy meal изгледал скоро недопрено и непроменето, заедно со хамбургерот и пржените компирчиња.

После тоа се појави уште еден неверојатен сличај. Минатата година Дејвид Випл од Јута во џепот на својот капут открил хамбургер кој го купил во 1999 година. После дури 14 години хамбургерот воопшто не бил скапан. Дејвид тогаш рекол дека хамбургерот одлучил да го сочува за да им го покаже на внуците како пример за тоа колку брзата храна е преполна со конзерванси, хемикалии и вештачки додатоци.

Хамбургер од МекДоналдс

Гледајќи на сите овие случаи на нерасипан хамбургер и после многу години, многумина се прашуваат во што е тајната. За да ја расчисти оваа фама, конечно се огласија од МекДоналдс од Канада и понудија сосема поинакво објаснување на прашањето зошто хамбургерите на МекДоналдс не скапуваат.

За да ја разјаснат таа мистерија, МекДоналдс Канада го ангажирале еден од канадските водечки прехрамвени научници, доктор Кит Варин, директор на програмата на Универзитетот Гуелф на Одделот за наука за храна и квалитет.

Еве како тој ја објаснил таа мистерија. Објаснувањето е објавено и на официјалната страна на МекДоналдс.

„На интернет се појавија голем број на видеа и фотографии кои прикажуваат како храната од МекДоналдс не скапува со текот на годините и тоа благодарение на големиот број на хемикалии. Но, факт е дека хамбургерите, пржените компирчиња и пилешкото нема да скапат како ни останатите намирници ако се чуваат под одредени услови.

Во суштина, микробите кои го предизвикуваат скапувањето се многу слични на нас, потребна им е вода, хранливи материи, топлина и време за растење. Ако се иземат некои од овие елементи, микробите не можат да растат и да ја расипат храната.

Во примерот со МекДоналдс хамбургерите, месото ја губи водата во облик на пареа во текот на процесот на готвење. Пецивото, секако, е направено од леб и за време на тостирањето ја губи влагата. Тоа значи дека после подготовката ќе биде прилично сув. Кога ќе се остави некое време, хамбургерот ќе продолжи да ја губи водата што резултира од дополнително губење на влажноста. Во недостаток на влажност, хамбургерот ќе се исуши, а нема да се расипе и скапе.

Со губењето на влагата, од хамбургерот се одземаат и елементите кои на микробите им се потребни за раст и предизвикување на расипување на храната. Значи, ако сакате да расипете хамбургер од Мекдоналдс, едноставно треба да го спречите губитокот на влагата. Тоа може да се направи ако го замотате хамбургерот во фолија и го чувате во влажна околина, како што е бањата. Ако хамбургењрот направен дома го дехидрирате на истиот овој начини под истите услови, веројатно ќе ги добиете истите резултати“, вели доктор Кеит демантирајќи ги тврдењата дека храната од МекДоналдс е третирана со разни хемикалии.