Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Половина час, три состојки и ручекот е пред вас

Половина час, три состојки и ручекот е пред вас

25146
G Natural

Ако ви се здосадија комплицираните рецепти кои бараат многу време за подготовка и труд, овој рецепт со пилешко месо ви гарантираме дека ќе ви стане омилен.

Подготвувањето на вкусен ручек никогаш не било полесно.

Само три состојки ќе ви бидат потребни за овој гастрономски специјалитет.

Потребно е: 500 гр пилешко филе, 1л павлака за готвење, 2 кесички инстант супа од печурки.

Подготовка: Во огноотпорен сад наредете го исецканото пилешко месо, потоа ставете ја супата од кесичката и прелијте ја павлаката за готвење. Ставете ја во рерна на 200 степени и печете додека не порумени. За помалку од половина час ќе имате совршен ручек со малку труд.

Добар апетит!

пилешко месо