Home ГОТВАЧ гезме Поховани палачинки со пилешко

Поховани палачинки со пилешко

7001
G Natural

Состојки:

  • 8 палачинки,
  • 250 грама пилешко,
  • една лажица мешавина од сув зачин,
  • 40 грама путер,
  • 1 мускатно оревче,
  • 4-5 кисели краставички,
  • 1 пиперка,
  • сол,
  • бибер,
  • 100 мл кисела павлака,
  • масло за готвење.

За поховање:

  • 50 грама брашно,
  • 2 јајца,
  • 80 грама презли

Подготовка:
Пилешкото исечете го на коцкички, зачинете го, малку посолете, промешајте, па пропржете го на масло. Кога месото е готово и меко, додајте го изренданото мускатно оревче, ситно сецкани краставички, пиперка и кисела павлака.

На секоја палачинка ставете лажица од смесата, преклопете ги двете страни кон средината, а потоа завиткајте. Палачинките извалкајте ги во брашно, потоа во јајце, па во презла и пржете на масло од сите страни додека не добие златножолта боја.

Палачинки со пилешко