Home ГОТВАЧ гезме Погача

Погача

5467
G Natural

Состојки:

За тесто:

  • 1кг Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 2 лажички сол
  • 1 маргарин за премачкување
  • 40г квасец
  • 2 јајца
  • 150мл масло за јадење
  • 100мл млеко
  • 2 лажички шеќер
  • Околу 300 мл вода
  • Сусам или ким за декорација

Подготовка:

Од горенаведените состојки се замесува изедначено тесто, се покрива и се остава да стаса околу 20 минути. Тестото се дели на 3 парчиња кои се обликуваат во 3 топчиња. Од секое се развива кора која се премачкува со маргарин и се витка во ролат. Се сечат парчиња кои се редат во тркалезно тавче и се остава на топло околу 20 минути. Погачата се посипува со сусам или со ким и се пече на 220°С-250°С до 30 минути во зависност од рерната.

Добар апетит!

PACKSHOT