Home ГОТВАЧ гезме Подгответе здрав и вкусен појадок за само три минути

Подгответе здрав и вкусен појадок за само три минути

7134
G Natural

Иако првиот оброк во дeнот е најважен, многумина поради немање време го прескокнуваат.

Овој рецепт би можел да ја промени вашата утринска рутина, затоа што ви се потребни само 3 минути за да го подготвите.

Уште една добра работа кај овој рецепт е тоа што некои состојки можете да ги подготвите и навечер и да ги чувате во фрижидер.

Изматете едно јајце во шоља и додајте млеко, малку сол и бибер. Состојките кои потоа ќе ги додадете може да се менуваат по желба.

Предлог: можете да ставите ситно сецкан спанаќ, младо кромидче и сирење. Сето тоа добро измешајте го и потоа потопете парчиња леб, може и стар, доволно за јајцата да се покријат.

Ставете ја шољата во микробранова печка – 3 до 3 ипол минути и вашиот појадок е готов.