Home ГОТВАЧ Подгответе ја популарната „Касато“ торта

Подгответе ја популарната „Касато“ торта

8488
G Natural

Состојки:
• 250 гр путер
• 250 гр шеќер во прав
• три жолчки
• 150 гр чоколадо
• 50 гр суво грозје
• 100 гр желе
• 100 гр слатко
• 250 гр бисквити
• еден лимон и еден портокал
• три белки
• 3 лажици шеќер
• 150 гр шеќер

Подготовка:

Изматете 250 грама путер со 250 грама шеќер во прав. Додадете три жолчки, 150 грама растопена чоколада, 50 грама суво сечкано грозје, 100 грама сечкано желе, 100 грама слатко, сок од еден портокал и еден лимон и 250 грама мелени бисквити. Тортата можете да ја обликувате во вид на ролат и да ја оставите во фрижидер за да се стегне. Потоа можете да ја филувате.

Фил:

Изматете три белки со 3 лажици шеќер, сварете сируп од 150 грама шеќер и малку вода и турете врз белките со постојано мешање. Филувајте го ролатот одозгора.

Добар апетит!

Касато