Home ГОТВАЧ Почестете си ја душичката – вкусен чоколаден мус

Почестете си ја душичката – вкусен чоколаден мус

4602
G Natural

Состојки:

  • 200 гр. чоколадо (со најмалку 70% какао)
  • 5 јајца
  • 150 гр. шеќер
  • 125 мл. слатка павлака

Подготовка:
Чоколадото исечкајте го на ситни парченца и стопете го на пареа (чоколадото не смее да дојде во допир со водата). Одвојте ги белките од жолчките на јајцето. Изматете ги белките и постепено додавајте 100 грама шеќер. Слатката павлака додајте ја на белките.
Изматете ги жолчките со 2 лажици жешка вода и 50 грама шеќер додека не се добие цврста смеса во која постепено се додава стопеното чоколадо.
На крај додајте ја смесата од белките и слатката павлака. Остевете го да отстои 4-5 часа во ладилник.
За декорација се препорачуваат парчиња темна и бела чоколада и ливчиња нане.

Добар апетит!

Чоколаден мус