Home ГОТВАЧ бабини рецепти Пита со месо: Тесто за 10 минути!

Пита со месо: Тесто за 10 минути!

13838
G Natural

Состојки:

  • 2 јајца
  • ½ лажичka сол
  •  една шолја (250мл) јогурт
  •  една  шолја брашно
  •  1 лажиче сода бикарбона (или прашок за пециво)

Фил:

  •  300гр мелено месо (издинстано)
  •  2-3 главици кромид (исечен на коцки)
  •  сол и бибер по вкус

Подготовка:
Измешајте го јогурот и сода бикарбоната и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа додадете ги останатите состојки (за тестото) и убаво измешајте ги. Намачкајте го плехот со масло и попрскајте го со малку брашно.

Во плех ставете половина од тестото, додадете од филот и врз него ставете ја втората половина од тестото.

Ставете да се пече.

Добар апетит!

Пита со месо