Home ГОТВАЧ главни јадења Пилешко во сос од домати и пармезан

Пилешко во сос од домати и пармезан

6361
G Natural

Состојки:
3 лажици маслиново масло
1 лажичка рузмарин
1 лажичка мајчина душичка
1 лажичка магдонос
сол и бибер
8 шницли пилешко бело месо
половина шолја моцарела
16 лажички пармезан
2 лажици путер

За сос:
1/2 шолји маслиново масло
кромид
2 чешниња лук
целер
морков
сол и бибер
900 г. излупени домати
6 ливчиња босилек
2 ловорови лисја
4 лажици путер

Подготовка:
Сос
Во голема тепсија загрејте масло, додадете ги лукот и кромидот и динстајте додека кромидот не стане стакленикав, околу 2 минути. Додадете целер и морков, а потоа побиберете. Гответе додека зеленчукот не омекне, околу 5 минути. Потоа додадете домат, босилек и ловор и оставете да струи на тивок оган околу еден час, додека не се згусне. Извадете ги ловоровите лисја и пробајте го сосот. Доколу се уште е киселкаст, додадете путер. Половина сос ставете во блендер и миксајте додека не добиете лесна смеса, а потоа додадете го и остатокот.
Месо
Рерната вклучете ја на 250 степени. Зачините за месото помешајте ги со масло, посолете и побиберете. Во таа смеса тркалајте ги сите пилешки шницли. Маринираното месо пржете го додека не добие кафеавкаста боја, по 2 минути од секоја страна.
Пилешкото ставете го во тепсија, па на секоја шницла нанесете доматен сос, потоа лажица моцарела и по две лажици пармезан. Врз месото потоа нанесете парче путер. Печете додека не се растопи сирењето, а пилешкото добро испечете го околу 3 до 5 минути.
Добар апетит!