Home ГОТВАЧ главни јадења Пилешко со цимет на грчки начин – рецепт на познатата готвачка Кет...

Пилешко со цимет на грчки начин – рецепт на познатата готвачка Кет Кора

3358
G Natural

Овој рецепт е претставен во познатото шоу на Опра Винфри

Состојки:

  • 1 пиле (пресечено на 8 парчиња)
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка црн пипер
  • 5 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чаши вода
  • 1 конзерва доматно пире
  • 1 лажичка мајоран
  • 500 гр. тарана
  • 200 гр. Пармезан

Подготовка:

Во тенџере на оган сварете ја тараната во солена вода.
Парчињата пилешко месо зачинете ги со претходно подготвената смеса од цимет, сол и пипер. Во тавче со загреано масло на оган, испржете ги парчињата пилешко се додека не поруменат (околу 4-5 минути од една страна).
Откако ќе се испече месото, извадете го од тавата и ставете го во посебна чинија. Во истото тавче додајте три ситно исецкани чешниња лук и ситно исецканиот кромид.

Пропржете околу 3 минути на средна температура, па додајте половина чаша вода. Со лажица за готвење изгребете ја површината од дното на тавата и оставете водата да испари. Потоа додајте ја преостанатата вода, доматното пире, мајоранот, преостанатите две чешниња ситно сецкан лук и наросете сол и црн пипер.
Оставете ја смесата да врие околу 2 минути, па повторно вратете го пилешкото во тавата. Покријте ја тавата со капак и оставете да се динста 30-40 минути на тивок оган. Доколку сосот премногу се згусне, додадете врела вода.
Откако пилешкото месо ќе се издинста, на чинија за сервирање ставете ги претходно подготвените тестенини и врз нив наредете ги парчињата месо, па со лажица полијте ги со сосот од тавата. Наросете пармезан.

Добар апетит!

Пилешко со цимет