Home ГОТВАЧ гезме Пилешки ролнички со спањаќ

Пилешки ролнички со спањаќ

6668
G Natural

Состојки:

  • 1/2 килограми пилешко филе,
  • 200 грама спањаќ,
  • 2 лажици брашно,
  • шоља млеко

Подготовка:
Сварете го спањакот и ситно исецкајте го, а потоа зачинете со сол и бибер. Пилешкото филе истенчете го кујнски чекан, посолете ставете бибер и премачкајте ги со бешамел сос кој ќе го направите на следниот начин: на загреано масло додајте брашно и полека додавајте шоља млеко за се да се соедини, мешајте цело време. После бешамел сосот, распоредете го спањакот, потоа роловајте го месото и зацврстете го со чечкалици за да не се отвара. Ролничките потоа извалкајте ги во брашно и на масло пропржете го од сите страни додека не порумени. Извадете ги ролничките од маснотијата, ставете ги во тепсија и во рерна згреана на 150 степени, испечете ги до крај.

Пилешки ролнички со спањаќ