Home ГОТВАЧ Пет проблеми кои бананите ги решаваат подобро од таблетите

Пет проблеми кои бананите ги решаваат подобро од таблетите

3917
G Natural

Освен хранливата вредност докажана е нејзината моќ во отстранувањето на бројните тегоби поради кои најчесто посегнуваме по таблети.

Надуеност и запек
Бананите содржат пектин, кој го поттикнува исфрлањето на токсините и тешките метали од телото. Освен тоа, нивното делување е пробиотско и ја стимулира работата на цревата. Сите овие фактори го поттикнуваат варењето и надуеноста, додека влакната од мекиот плод ги „будат“ цревата и делуваат како природен лаксатив.

Стрес
Го нарекуваат болест на модерната доба бидејќи постојано остава големи последици на нашето здравје. Стресот го забрзува метаболизмот, при што паѓа нивото на калиум во организмот. Рамнотежата може повторно да се воспостави со помош на една банана, која во себе содржи доволно калиум, кој помага во нормализирање на отчукувањата на срцето, доставата на кислород во мозокот и регулирање на оптималното количество вода во телото.

Крвен притисок
Познато е дека зголеменото внесување на натриум, а намаленото внесување на калиум во организмот има негативно влијани на крвниот притисок. Поради тоа важно е да конзумирате поголеми количества калиум, а него го има во бананите. Секое утро се препорачува да се изеде по една банана која ќе го нормализира притисокот.

ПМС
Бананите изобилуваат во витамин Б6, кој поволно влијае на нивото на глукоза во крвта, а докажано е дека Б витамините ги редуцираат ПМС проблемите како болни и напнати гради, промените на расположението и задржувњето на водата во телото.

Депресија
Една од состојките во бананата е триотофанот, кој е еден вид на протеин кој го поттикнува отпуштањето на серотонинот, познат како хормон на среќата. Само една банана е доволна за да се зголеми количеството на серотонин во организмот.

Банани

текстот е превземен од: portal.com.mk