Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Печено пилешко со јогурт и лук!

Печено пилешко со јогурт и лук!

3490
SHARE

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради
  • сол и свежо мелен бибер по вкус
  • 6 чешниња лук
  • 1/2 шолја јогурт
  • 1/2 лажичка мајчина душица
  • 1/4 шолја презла

Подготовка:

Пилешките гради чукнете ги  со кујнски чекан, но не премногу, за да не бидат премногу тенки.
Ставете ги пилешките гради во сад, посолете и ставете бибер по вкус.
Во друг сад, ставете ги лукот, јогуртот и мајчината душица и промешајте.
Истурете го јогуртот врз пилешките гради и нежно масирајте. Покријте ги со пластична фолија и ставете ги во фрижидер околу 4 – 6 часа.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во тавата за печење ставете малку масло за готвење.
Извадете го пилешкото месо од садот, и отстранете го остатокот од јогуртот.
Ставете го пилешкото во тавата за печење, и наросете презла врз пилешките гради. Печете од 40 до 45 минути, се додека пилешкото не е готово.

На здравје!

Пилешко со лук и јогурт