Home ГОТВАЧ Овие палачинки се хит во светот

Овие палачинки се хит во светот

4778
G Natural

Состојки:

  • 4 големи палачинки
  • 100 г чоколаден крем
  • 4 лажици толчени кикирики
  • 100 мл слатка павлака
  • 50 г шеќер

Подготовка:
Шеќерот ставете го во тавче на тивок оган и мешајте го за да се растопи. Потоа додадете ја слатката павлака и мешајте додека не добиете убава  густа смеса.
Палачинките намачкајте ги со крем и посипете  ги со кикирики, а потоа одозгора полијте ги со карамелот.

Добар апетит!

Палачинки