Home ПИЈАЛОЦИ здрави Овие оброци ги топат килограмите

Овие оброци ги топат килограмите

2705
G Natural

Доколку планирате да се ослободите од вишокот килограми, не мора да гладувате и целосно да се откажете од слаткото задоволство, туку испробајте ги овие оброци во чаша кои се совршена замена за појадок или ужина.

ЧОКОЛАДЕН ПОЈАДОК

Овој напиток ќе ве наполни со енергија и ќе ви ја задоволи желбата за благо.

Состојки:

• 3 дл јогурт со мала масленост
• 2 лажици мед
• ½ лажичка ванилин шеќер
• 1 банана
• 1 лажица путер од кикирики
• 1 лажица какaо во прав

Чоколаден шејк
Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте сè додека не добиете кремаст напиток. Овој оброк во чаша можете да го збогатите со мелени бадеми или лешници, а најдобро е да го консумирате како појадок.

ЗЕЛЕН ОБРОК

Зелениот оброк ќе го нахрани вашето тело со неопходните нутритивни вредности без да внесувате непотребни калории.

Срце од зеленчук

Состојки:

• 2 шолји спанаќ
• ½ свежа краставица
• ¼ главица целер
• ½ китка свеж магдонос
• неколку ливчиња нане
• 2 јаболки
• 3 моркови
• ½ портокал
• ½ лимон

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека не добиете хомоген кремаст напиток. Овој оброк во чаша испијте го помеѓу појадок и ручек или наместо вечера.

Зелен оброк