Home СОВЕТИ Ова секојдневно го јадеме, а многу е штетно за здравјето

Ова секојдневно го јадеме, а многу е штетно за здравјето

1976
G Natural

Kако што храната и одредени намирници можат да го зајакнат организмот и имунитетот, така можат да предизвикаат и негативни последици.

Една од тие намирници секојдневно ја внесуваме во организмот.

Се работи за пченицата.

Таа се наоѓа во скоро секој наш оброк, но доста лошо влијае на здравјето.

Кај поголемиот дел од луѓето, негативно влијае на кожата, зглобовите и нивото на шеќер во крвта.

Пченицата која секојдневно ја конзумираме е далеку од вистинската пченица. Кардиологот Вилијам Дејвис е еден од бројните научници и лекари кои се обидува луѓето да ги едуцира во врска со вистината која денеска ја крие вистинската пченица.

Дејвис вели дека причините со кои луѓето се одлучуваат да јадат житарици, а тоа се влакната и здравјето на срцето, не се доволни пченицата да стане составен дел од прехраната.

„Во пченицата нема ништо што не може да се најде во другите намирници“, вели тој.

Кожа

Јаглените хидрати во пченицата обично се сметаат за добри поради својата сложеност. Проблемот е што овие јаглени хидрати се разложуваат во шеќери што придонесува за зголемено ниво на инсулин и активирање на жлезди кои произведуваат маснотија. Крајниот резултат е масна кожа и појава на акни.

Зглобови

Според кардиологот, болките во зглобовите се предизвикани со конзумација на пченица и најчесто се јавуват во зглобовите на прстите, а не е невообичаена ниту болката во грбот, колковите и колената.

Шеќер во крв

Пченицата, која е полна со јаглени хидрати, на крај се претвара во шеќер. Освен тоа, преполна е со аминлопектин, односно јаглени хидрати кои можат да го зголемат нивото на шеќери во крвта повеќе од обичниот шеќер, што може да предизвика дијабетес.