Home ГОТВАЧ главни јадења Откриена е формулата за совршена пица

Откриена е формулата за совршена пица

3025
SHARE

Матемаичарката Евгенија Ченг од Англија ги надмина сите пица мајстори.

Ченг која предава на Универзитетот во Шефилд, ја осмисли формулата за совршена пица.

Таа тврди дека најважно за вкусот на пицата е да се одреди идеалната количина на тестото и состојките.

Освен составот, таа во својата пресметка го вклучила и бројот на вкусови кои човекот може да ги почувствува со еден гриз.

Според Ченг, луѓето кои прават пица дома, можат истата да ја упропсатат со додавање на премногу состојки. Големината на пицата е обратно пропорционална со дебелината на кората, па поради ова на големите пици кората им е потенка.

Тајната за совршена пица е во односот помеѓу тестото (t) и намирниците (кои ги распоредуваме врз тестото) (n). Формулата за совршена пица на Ченфг гласи:

n/t x r6/(r3 – 15)2

каде „t“ е константа на волуменот на тестото, намирниците се „n“, a „r“ е полупречникот на пицата.

Спорд ова, на пица од 35 сантиметри, добиваме идеална крцкава кора од 8 милиметри, а на онаа од 28 сантиметри, кора од 13 милиметри.

Тесто- рецепт

Состојки:

  • 500 грама брашно
  • 1 свеж квасец (42 грама)
  • 1/8 литри млака вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка маслиново масло

Подготовка:

Ставете малку од брашното во сад, па во средината направете дупка. Изронете го квасецот и додавајќи вода, мешајте го тестото. По десетина минути покријте го тестото и оставете го  да нарасне.

Потоа додадете го остатокот од брашното, солта, маслото и се добро измесете.

Повторно покриено, оставете го тестото на топло место за повторно да нарасне, барем половина час.

Ставете го на даска попрскана со брашно или на плех премачкан со масло.

Откако ќе го премесите тестото, најдобро е да го разделите во топчиња кои ќе ги развлечете во кружен сад премачкан со масло во кој ќе ја печете пицата.

Два типа на брашно

Тестото се подготвува со брашно тип 400, а се развлекува со тип 500 брашно. Остевете го тестото на топло месето за двојно да нарасне.

Чувајте го здравјето, додадете пиперка и спанаќ

Пицата може да биде мрсна и преполна со јаглехидрати, но и здрав оброк богат со потребните витамини и минерали. Белото брашно заменете го со интегрално кое е богато со антиоксиданси.

Пиперките се преполни со бета-каротен и витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој го спречува создавањето на одрдени болести.

Шунката, колбасите и останатте месни наминици потребни за пицата можат да се заменат со пилешко.

Доколку додадете спанаќ, ќе го збогатите вашиот оброк со железо.

Димениот лосос, туната, киселата зелка, руколата, печурките, маслинките и арктичоките се одлични здрави состојќи кои можат да се користат во подготовка на пица.

Затоа одберете ги омилените здрави состојќи и претворете ја пицата во оброк по кој телото ќе ви биде благодарно.

Избегнувајте ги готовите замрзнати пици, тие содржат толку сол колку што на организмот му е потребно за цел ден како и заситени масти доволни за неколку дена.