Home ГОТВАЧ Орео бомбици за 20 минути, без печење

Орео бомбици за 20 минути, без печење

13769
G Natural

Состојки: (за 18 бомбици)

  • 300г бело чоколадо
  • 30 Орео колачиња
  • 100г крем сирење
  • 4 Орео колачиња за декорација

Подготовка:

Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок.

Орео

Префрлете го во пластичен сад  и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна  за да можете да ги обликувате бомбиците.

Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10 тина минути во замрзнувач.

hitkujna-oreo3

За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.

Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото.

Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.

hitkujna-oreo