Home ГОТВАЧ гезме Омлет од компир и пилешко

Омлет од компир и пилешко

5593
G Natural

Состојки:

  • 700 грама компири,
  • 2 праз,
  • 300 грама пилешко филе,
  • 4 јајца,
  • 1 лажиче ким,
  • 2 лажици сецкан магдонос,
  • сол,
  • бибер.

Подготовка:

Компирот излупете го, измијте го и варете го околу 25 минути во солена вода. Кога компирот ќе се свари, тргнете го на страна да се олади, па исечете го на кругчиња или коцки. Празот исчистете го, измијте го и исечкајте го на тенки кругчиња, а пилешкото на ленти. Загрејте тава со масло и пропржете го празот, додајте го пилешкото, посолете, додајте бибер и извадете го од тавата. Потоа, во тавата ставете го компирот, па малку пропржете го, а потоа додајте го празот и пилешкото и над сето тоа прејлијте ги изматените јајца со две лажици вода, сол, бибер и ким.

Омлет од компир и пилешко