Home ГОТВАЧ Nutribella кекси, солени грицки и протеински плочки – Вашиот вкусен и здрав...

Nutribella кекси, солени грицки и протеински плочки – Вашиот вкусен и здрав избор за секој ден

1928
SHARE

Nutribella нуди свежи, вкусни и здрави интегрални производи од цели зрна житарки. Со внимателно одбрани и комбинирани квалитени природни состојки, подготвени на традиционален начин, добиен е широк спектар на вкусови и можност потрошувачите да уживаат во слатките и солени вкусови на здрав начин.

Во подготовката не е користен бел шеќер, нема заситени масти, а подготвени се со 100% интегрално брашно.

Nutribella кекси е бисквитен оброк од интегрално брашно засладен со фруктоза, со додаток на ароматични зачини и состојки.

Првпат се направени во обична рерна во Војводина во 2000-та година, со цел да им се понуди на луѓето вкусна и висококвалитетна ужина која е богата со хранливи материи и која ги задоволува здравствените параметри.

Има кекси со рогач, кокос, лимон и куркума, цимет, портокал и ѓумбир.

Добро се познати својствата на рогач кој содржи протеини и комплексни јаглени хидрати и има многу малку маснотии. Кокосот лесно се вари и е богат со хранливи материи и минерали. Циметот на природен начин го регулира нивото на шеќерот во организмот. Портокал и ѓумбир е одлична комбинација за превенција од грип и настинки заради антибактериското својство кое го има. Дополнително, помага во забавување на процесот на стареење на кожата. Nutribella кексите се одлична ужина во текот на денот, посебно со денешното темпо на живеење.

Во семјеството  на Nutribella има и солени грицки кои се направени од  интегрално брашно со додаток на сусам, кикиритки, овес, лен и чили. Без вештачки вкусови и ароми. Тие претставуваат здрава алтернатива за солените закуски. Богати се со диетални влакна кои помагаат за полесно варење на храната.

Кикириките се одличен извор на протеини, влакна и минерали, меѓу кои железо и цинк. Сусамот е едно од најстарите и најздрави растенија. Во многу традиции се верува дека токму сусамот го успорува процесот на стареење. Чили помага во разбивање на маснотиите во телото, така што е одличен сојузник во борбата против дебелината. Комбинацијата на овес и лен е одлична за дигестивниот систем, а познато е дека лененото семе е еден од најбогатите извори на масни киселини кои ја разредуваат крвта.

Како надополнување во палетата на производи се и протеинските плочки без брашно кои имаат 3 вкуса: домат со медитерански зачини, комбинацијa на сусам и куркума и семки од тиква. Може да се консумираат самостојно, но и во комбинација со друга храна.

Производите на Nutribella може да се најдат во супермаркетите и поголемите маркети низ Македонија.