Home ГОТВАЧ Нутела бомбици – едноставна и брза подготовка

Нутела бомбици – едноставна и брза подготовка

5437
G Natural

Состојки:

  • 250гр исечкано темно чоколадо
  • 120мл слатка павлака
  • 2 лажици (30гр) стопен путер
  • 120гр нутела
  • шеќер во прав
  • сечкани лешници

Подготовка:

Ставете го чоколадото во сад и оставете го на страна. Во мало тенџерче, додадете ја слатката павлака и путерот и оставете ја смесата на оган додека не стане врела ( не смее да зоврие). Кремот полиете го врз чоколадото и оставете да отстои една минута. Мешајте додека смесата стане густа. Додадете ја и нутелата, па смесата ставете ја во плех и покриете ја со прозирна фолија.
Ставете ја во фрижидер да отстои околу 2 часа, за да се стврдне.
Со помош на две лажици направете мали топчиња и тркалајте ги во шеќерот во прав или исецканите лешници.

Добар апетит!

Нутела бомбици